-->
-->
Трамп: Кина не презема ништо во врска со Северна Кореја
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази разочарување затоа што, како што оцени, Кина не презема ништо во врска со постапките на Северна Кореја.
- Претходните американски лидери и овозможија на Кина да заработува стоотици милијарди долари од трговијата (со САД), а таа не прави ништо да ни помогне во врска со Северна Кореја, туку само зборива. Нема да дозволам тоа да продолжи и во иднина. Кина може лесно да го реши овој проблем, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Реакцијата на Трамп уследи откако Северна Кореја во петокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета со среден дострел. Тоа беше втор ракетен тест на Северна Кореја овој месец, по лансирањето на ракетата „Хвасонг-14“ на почетокот на јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
