Трамп ја отфрли молбата на британскиот премиер за безбедносни гаранции за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за минерали со Украина е безбедносната гаранција што му е потребна на Киев против Русија, отфрлајќи ја молбата на британскиот премиер Кир Стармер за дополнителна американска воена поддршка.
Стармер, кој се сретна со Трамп за првпат во Белата куќа, рече дека мирот во Украина е можен само благодарение на него.
Пред средбата, Стармер истакна дека долгорочниот мир во Украина не е можен без силни американски безбедносни гаранции, кои Трамп речиси целосно ги отфрли.
Трамп изрази оптимизам дека може да се постигне договор за прекин на огнот во Украина и дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го почитува таквиот договор.
„Имаме дискусија пред нас за тоа како ова може да функционира. Мораме да обезбедиме договорот да трае“, нагласи британскиот премиер.
Стармер посочи дека Британија ќе ги зголеми трошоците за одбрана и ќе се обиде да го убеди американскиот претседател дека Европа ќе обезбеди поддршка и безбедносни гаранции за Киев доколку мировните преговори со Русија бидат успешни.
Како и Макрон, Стармер ќе се обиде да го убеди Трамп дека избрзаниот мировен договор со Русија, без учество на Украина или Европа, може да доведе до нова нестабилност на континентот, што не би било во интерес на САД.
Стармер рече дека е отворен за испраќање британски војници како безбедносна гаранција во Украина, но само со учество на други европски земји и „под соодветни услови“.
Во четвртокот Путин ги предупреди „западните елити“ да не се обидуваат да ја саботираат нормализацијата на односите меѓу Русија и Соединетите Држави, велејќи дека Москва ќе ја искористи својата дипломатија и разузнавачките служби за да ги спречи таквите обиди.
Од почетокот на неговиот втор мандат, Трамп предупреди да не започнуваат трговски војни и вети дека ќе воведе царини – и за непријателите и за сојузниците.
„Сакаме секој економски однос со Обединетото Кралство да се заснова на реципроцитет и рамноправни услови за игра“, рече советникот на Трамп.
„Нашата трговија е фер и избалансирана, а вие имате вишок, така што ние сме во друга позиција“, рече Стармер. Според податоците на американската влада, САД имаат трговски суфицит со Британија.
Ново на Сител
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп