Трамп и официјално нов претседател на САД
Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп денеска ја доби поддршката на најмалку 270 електори, со што е потврдена неговата победа на претседателските избори, одрќани на почетокот на ноември.
Приврзаници на кандидатката од редовите на Демократската партија Хилари Клинтон се надеваа дека електроите, односно посредниците за кои всушност се гласа на денот на претседателските избори, би моќеле да ги изневерат гласачите во некои сојузни дрќави и да не гласаат за Трамп. Но се случи обратното, па некои електори кои би требало да го дадат гласот за Клинтон, гласаа за Трамп.
За победа на претседателството потребна е поддршка од 270 од 538 електори. Според резултатите на изборите во ноември, Трамп има 306 електори.
Трамп обезбеди повеќе од 270 електори откако гласањето на електронската седница е спроведено во повеќе сојузни држави. Со гласовите во Тексас, кандидатот на републиканците ја надмина границата од 270 електори, а до крајот на денот треба да се заврши гласањето и во другите држави.
Во неколку земји организирани се протести за да се изврши притисок за електорите да не гласаат за Трамп, а со аргументот дека Клинтон добила повеќе од 2,5 милиони гласа повеќе од Трамп на национално ниво и дека разузнавачките служби заклучиле дека рускиот хакерски напади му помогнал на Трамп да извојува победа.
Првото отстапување е забележано во државата Мејн, каде што еден од тројцата електро што требаше да гласаат за Клинтон, гласаше за Берни Сандерс, кој загуби од Клинтон во партиската трка за номинација за кандидат за претседател.
Во државата Вашингтон, каде 12 електори требаше да гласаат за Клинтон, четворица од нив гласот го дадоа на други кандидати. Ова е првпат во последните 40 години електори во Вашингтон да не гласаат според резултатите од гласањето.
И во државата Минесота еден електор одбил да гласа за Клинтон.
Ново на Сител
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено
-
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина оваа година
-
Запленета брендирана стока, приведен 30-годишник од Крива Паланка | ФОТО
-
Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога