Трамп ги продолжи санкциите што се однесуваат на Западен Балкан
Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за Западен Балкан, со која се продолжуваат вонредните мерки кои пред 16 години ги донесе претседателот Џорџ Буш, соопшти Белата куќа.
Одлуката, меѓу останатото, опфаќа и објава на т.н. црна листа на лица и организации кои се под санкции на САД пoради кршење на Дејтонскиот договор и закани за националната безбедност и интереси на САД.
- Се уште е присутна заканата од активности на поединци, вклучени во или помагање, спонзорирање или поддржување екстреми насилства во Република Македонија и во целиот Западен Балкан, или активности што ја попречуваат имплементацијата на Дејтонскиот договор во БиХ или Резолуцијата 1244 на СБ на ОН што се однесува за Косово, се вели во соопштение од Белата куќа.
Трамп првпат по преземањето на функцијата потпиша некоја извршна одлука што се однесува на Западен Балкан и ја продолжи за една година.
Буш на 26 јуни 2001 година донесе извршна уредба со која се прогласува дека се загрозени интересите на САД од поединци и организации во БиХ, Mакедонија и на Косово.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци