Трамп би можел да ја посети Велика Британија пред изборите во САД

Официјален Лондон се подготвува за можна посета на Доналд Трамп на Велика Британија, пред одржувањето на претседателските избори во САД, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на дипломатски извори.
Се очекува Трамп да дојде во Лондон по неговото формално номинирање за претседателски кандидат на американката Републиканска партија, што е предвидено да се изврши во јули.
Односите меѓу британската влада и Трамп не се добри, па премиерот Дејвид Камерон, како и неколкумина министри веќе се судрија со републиканскиот претендент, преку размена на изјави во медиумите.
Изворите на кои се повикува британската телевизија посочуваат дека засега нема формално барање за една ваква посета, но во Лондон е познато дека повеќето од нооминираните кандидати за изборите во САД, патуваат во странство за да се манифестираат нивните дипломатски капацитети.
Премиерот Камерон ги осуди плановите на Трамп за забрана за влез во САД на муслиманите, оценувајќи ги како „погрешни и глупави“, а њујоршкиот милијардер во понеделникот изјави оти „му се чини дека со Камерон нема да има добри односи“ доколку биде избран за претседател.
Во британскиот главен град, сепак, владината администрација во Вајтхол дискретно се подготвува за можноста Трамп да влезе во Белата куќа.
Новиот лондонски градоначалник Садик Кан, во меѓувреме, соопшти дека го повикал Доналд Трамп да дојде во Лондон и да го посети неговото семејствао, за како што вели, да го науичи за Исламот.
Минатата година, по вооружениот напад на двајца исламски радикали во калифорнискиот град Сан Бернардино, Доналд Трамп побара од Вашингтон да го забрани влезот на муслиманите во земјата, додека не се расчистат работите со џихадистите од Исламска држава (ИД).
Таквиот предлог предизвика особено бурна реакија во Велика Британија, каде преку интернет беа собрани 574 илјади потписи со кои се бараше да му се забрани влезот на Трамп во земјата.
Ново на Сител
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
