Трагично заврши потрагата по полицискиот службеник од Делчево - Пронајден починат во водите на Брегалница
Пронајдено е телото на 51 годишниот (Т.С) од Делчево, кој во четвртокот (10 јуни 2021) заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага.
Од полицијата за МИА информираа дека 51 годишниот делчевец, инаку полициски службеник, вчера доцна попладнето бил пронајден кај спомената локација, заглавен во неговото возило во водите на река Брегалница.
Телото на сега веќе починатиот било извадено од реката синоќа околу 23:00 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101“, потврдија од полицијата за МИА.
На местото на настанот излегол и Јавен обвинител, а телото на починатиот потоа е предадено на обдукција.
Деталите за несреќата засега не се познати.
Ново на Сител
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката