Македонија
26. March 2025 - 12:27

Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја отвори „Пандорината кутија“ за индивидуалната, но и за колективната одговорност. Штипската локална самоуправа преку Советот за превенција ќе ги дефинира чекорите во насока на решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваме.

Без разлика на надлежностите на институциите, сепак треба да биде една координирана активност, која мора да биде засилена. Конкретно, трагедијата се случи во секторот угостителство, но верувајте проблемите се присутни во сите сегменти на општественото живеење и сите ние како носители на јавни функции, граѓаните и сите општествени чинители треба да ги ги решаваме, изјави Иван Јорданов, градоначланик на Штип

Евидентно е дека имаме проблеми, нефункционален систем и општество. Ниту една општина или институција не може самостојно да одговори на предизвиците на дневна основа, додаде Јорданов.

Ниту една институција нема соодветен капацитет за да ги исконтролира во еден момент сите недостатоци и аномалии кои што секојдневно се појавуваат и се присутни. Затоа мора да работиме на јавното мнение, зашто сите ние го сочинуваме ова општество и сите ние индивидуално генерираме проблеми, кои и стотици инспекции да постојат нема да можат да ги исконтролираат девијамтните однесувања, изјави Јорданов.

На наредната редовна седница на Советот на Општина Штип во петок ќе донесе одлука за поддршка и помош на штипските семејства кои се директно погодени од трагедијата во Кочани.