-->
-->
Трагедија, загина тракторист во битолско
-->
Вчера во времето од 13.00 часот до 22.30 часот на земјен пат во атарот на битолското село Раштани, во место викано „Димкорници“, при вршење на работни активности Трајче К.(45) од Скопје (живеел во Битола), вработен во ЈП Македонски шуми, подружница „Кајмакчалан“ - Битола, додека управувал трактор „Њухоланд“ сопственост на „Лозар Пелистерка“ ДООЕЛ на кој имал поставено плугови и орал на брег од левата страна на земјениот пат, се превртел при што целосно бил поклопен од тракторот и од здобиените повреди починал на лице место.
Смрт е констатирана од доктор од Итната медицинска помош. Увид извршила екипа од СВР-Битола и трудов инспектор.
Телото на починатиот е пренесено во одделението за судска медицина во КБ Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го промовира Ѓорѓиевски за градоначалник, СДСМ Христоски во Крушево
-
Без струја денеска дел од Бутел
-
Најмалку четири лица загинаа во нападот врз Мормонската црква во Мичиген
-
Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври
-
Во Иран погубен маж обвинет за шпионирање во корист на Израел
-
Орбан и Фицо со остри критики кон ЕУ: Брисел стана воен проект
-
Рама: Косово доброволно стана заложник на Србија
-
Променливо облачно со повремен дожд