Балкан
23. August 2017 - 10:04

Трагедија: Со возило налета на дечиња на велосипеди, момче (12) загина, девојче (8) повредено

Кај местото Сливно, недалеку од Имотски синоќа по 20 часот автомобил налетал на деца на велосипеди.

12-годишното момче загинало, а 8-годишното девојче е префрлено во болница.

Според првичните информации животот не и е во опасност.

На местото на несреќата е извршен увид, а на медиумите не им биле достапни околностите под кои дошло до налетот на возилото врз децата на велосипеди.