Трагедија: Млада битолчанка (18) денеска загина во страшна сообраќајка
Осумнаесет годишната битолчанка К.Ј. го загуби животот, а сопатничката М.К.О. е пренесена во битолската Клиничка болница по денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот патен правец Битола-Прилеп.
Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола информира дека сообраќајката се случила претпладнево во 11:25 часот во непосредна близина на селото Тополчани кога патничко моторно возило со битолски регистарски таблици „Фиат Брава“ излетало од патот.
- Во возилото биле две женски лица. Возилото било управувано од М.К.О. која по несреќата е пренесена во Битолската клиничка болница, додека нејзината сопатничка К.Ј. (18 г.) починала на местото на несреќата. Увидот на полициски служби од Полициската станица-Прилеп е во тек, а заедно со нив увид врши и јавен обвинител, потврди Миленковска.
Поради сообраќајката, сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани од 11:30 часот се пренасочува по стариот пат, информира АМСМ. На правецот Битола-Прилеп, пак, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Детали за сообраќајката не се соопштени.
Ново на Сител
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник