-->
-->
Тоти е најголемата легенда на Рома
-->

Последниот меч на Франческо Тоти во дресот на Рома и веројатно во кариерата заврши успешно, откако „волчицата“ во драматичен меч, во поседното коло ја совлада Џенова со 3:2.
Фудбалерите на Рома на теренот истрчаа со маици посветени на легендарниот капитен: „25 сезони во еден дрес, 785 натпревари, 307 голови, светски шампион 2006. Франческо Тоти дел од фудбалската историја“.
„Принцот на Рим“ во игра влезе во 54.минута и го забележа 786 меч за Рома, 619 во Серија А од дебито на во март 1993 година, кога имаше 16 години и шест месеци.
Сепак, малку недостигаше Џенова да ја растури прошталната журката на Тоти.
Гостите кој во минатото коло обезбедија опстанок во лигата, а во чии редови го немаше Горан Пандев, најавија дека нема да се предадат без борба со голот на 16-годишното момче Пјеро Пелегри во третата минута.
Рома израмни седум минути подоцна со голот на Един Џеко. Репрезентативецот на БиХ го постигна 29 гол во сезоната.
Во вториот дел, по влегувањето на Тоти, Рома се мачеше, немаше игра, но успеа да поеде преку Де Роси во 74.минута. Де Роси беше на вистинското место и во гол ја спроведе асистенцијата на Џеко.
Но само три минути подцна Лазовиќ уште еднаш го шокира „Олимпико“. Српскиот репрезентативец ја искористи погрешната проценка на голманот Шчешни, во скокот беше повисок од Фацио и израмни на 2:2.
Истиот играч во 82.минута пропушти можност да донесе нова предност за Џенова, но неговиот удар заврши во дирекот.
Промашувањето на противникот Рома го искористи во 90.минута. Џеко повторно беше асистент, а голот кој значи пласман во Лигата на шампионите го постигна Пероти.
Рома сезоната ја заврши на второто место со 87 бодови, рекордни за титмот во Серија А. Трет на табелата е Наполи и овој тим ќе игра во квалификациите за Лигата на шампини.
Наполитанците во последната рунда како гости славеа на „Луиџи Ферарис“ против Сампдорија со 4:2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
