Ракомет
5. October 2015 - 12:17

Тоскиќ во тимот на колото на ЛШ

Одличната игра и седумте постигнати голови на дуелот против Кристијаштад на пикерот на Вардар Алем Тоскиќ (број 10 на фото), сосема заслужено му го донесоа местото во тимот на колото.
 
Најдобрата „седморка“ на 3.коло ја сочинуваат:
Лево крило: Анхел Фернандез (Ла Риоха),
Лев бек: Борут Мацковшек (Монпеље),
Среден бек: Аиденас Маласинскас (Мотор Запорожје),
Десен бек: Даинис Кристопанс (Мешков Брест),
Десно крило: Гашпер Маргуч (Веспрем),
Пикер: Алем Тоскиќ (Вардар),
Голман: Кевин Милер (Флензбург).