Торбјорн Јагланд: Човековите права, демократијата и безбедноста се загрозени на целиот континент

Човековите права, демократијата и безбедноста се загрозени на целиот континент, се вели во најновиот годишен извештај на Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа, пренсува дописникот на МИА.
"Европа во моментов се соочува со голем број на сериозни предизвици, вклучувајќи го и тероризмот, миграцијата и конфликти. Во многу места, оваа ситуација е искористена за националистички и популистички цели, кои ја еродираат довербата во националните и европските институции ", вели генералниот секретар.
"Во исто време, законите и практиките на нашите земји-членки продолжуваат да откриваат значителни празнини и се посилни ограничувања на основните човекови права, како слободата на изразување, слободата на собирање и право на приватност“ – продолжува Јагланд.
"Оваа ситуација не е само неприфатлива, таа е исто така опасна. И таа може да се влоши ако не ги браниме нашите демократски принципи, а не се соочуваме со проблемите со целосно почитување на човековите права "- нагласува тој.
Независноста и непристрасноста на праводусните системи во Европа се во фокусот на извештајот, кој нагласува дека политичкото мешање, корупција и непочитување на судските одлуки, се прашања кои исто така загрижуват. Генералниот секретар на Советот на Европа исто така, забележува "опасен пораст на законодавниот национализам" во време кога земји членки донесуваат закони, кои ризикуваат да бидат против меѓународните стандарди, особено во однос на третманот на имигрантите и бегалците.
Во извештајот исто така се истакнува дека речиси половина од 47-те земји-членки на Советот на Европа не ја гарантираат безбедноста на новинарите на задоволително ниво: ситуацијата се влоши минатата година, бројот на физички напади против нив и нападите врз нивниот имот непрекинато се зголемува.
Состојбата со медиумите е незадоволителна во 26 земји-членки, додека мешањето во содржина на медиумите е исто така загрижувачка. Слободата на изразување на интернет е уште една голема област на загриженост во Европа, смета генералниот секретар на Советот на Европа.
Извештајот дава примери на случаи забележани во земјите-членки и претставува серија на иницијативи и предлози на Советот на Европа. Станува збор за вклучување на нов акционен план за зајакнување на независноста и непристрасноста на судството, кое предвидува лепеза на заеднички стандарди за земјите-членки во врска со блокирањето и филтрирањето на веб-сајтовите и планира да ги "кодифицира" стандардите и најдобрите меѓународни практики и насоки во масовниот надзор.
Извештајот на Торбјорн Јагланд, исто така, содржи препораки во однос на интеграцијата и заштитата на ранливите групи и активистите за човекови права.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
