Тони Блер : Британија се уште може да го избегне Брегзит

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави денеска дека Велика Британија се уште може да го избегне Брегзит, а дека домашната јавност има право да го смени мислењето.
Во интервју за една француска радио станица, Блер рекол дека неговата земја се уште не знае што значи Брегзит. Поранешниот лабуристички премиер кој во Британија важи за еврофил, одбил да ја отфрли идејата за можното организирање на втор референдум.
Во текот на кампањата за референдумот од 23 јуни, Блер заедно со поранешниот ториевски премиер Џон Мејџор, агитираа за останување на земјата во ЕУ и предупредуваа на заканите од Брегзит.
„Не бев за референдум и не мислам дека тој беше неопходен, но сега мора да се прифати дека тој се одржа и дека од него постои резултат„- рекол Блер.
Тој сепак, смета дека дебатата околу ова прашање, продолжува, затоа што Британците и не знаат што значи Брегзит.
-Овде (во Британија) се уште не се знае што значи Брегзит за заедничкиот пазар, за автомобилската индустрија, за финансиските компании и за нивната дејност, за банките и за слободното движење на лугето- рекол Блер.
Според него сега останува да се види какви ќе бидат принципите за преговорите околу раздружувањето.
„За актуелниот британски премиер, е важно да се обезбеди единство в Кнзервативната партија, но за сите нас, другите, останува слободата да дебатираме за Брегзит„ рекол во интервјуто за француското радио Тони Блер.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
