Томовски: Со расфрлање на пердуви Артан Груби нема да го промени фактот дека е дел од една голема афера
Артан Груби со расфрлање на пердуви во јавност и правење дефокус од криминалот за кој е разоткриен нема да го промени фактот дека е дел од една голема афера за која што ќе има одговорност и за која и тој лично ќе одговара!
Воедно заборава дека и во некоја друга влада партнер беше Дуи и практично беше дел од власта и со самото тоа и тој и неговата партија беа дел од "заробената" држава и "стиропорите".
А кога веќе станува збор за инвестиции кои ќе ги донесат и инвеститорите кои ќе ги привлечат криминалните коридори 8 и 10д, да не почнуваме да прави споредби колку странски инвестиции се донесени во Македонија за период од 2006-2017 а колку од 2017-2023, затоа што и малите деца можат да направат така голема разлика.
Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој презира криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери
-
Од турист до амбасадор на скриени убавини во Македонија | Фин Вотшов | Sitel Podcast 116
-
Орбан: Ситуацијата е таква што „една грешка може да прерасне во светска војна“
-
До 5 октомври аплицирање за субвенциониран студентски оброк
-
Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти
-
Злоупотреба на функција и бесправно градење - обвиненија против поранешниот директор на струмички „Комуналец“
-
Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица
-
Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк