-->
-->
Том Круз со спектакл во свој стил ја најави следната Олимпијада во Лос Анџелес
-->

Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа.
Глумецот, со своите 62 години, се спушти со јажиња на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, што предизвика воодушевување на сметка на земјата со најмногу медали – вкупно 126, од коишто 40 златни. Том Круз потоа го зеде знамето и со мотор „се упати“ во Лос Анџелес пред да скокне од авион покрај знакот „Холивуд“, во однапред снимена сцена.
Олимпијадата во 2028 година ќе се одржи токму во Лос Анџелес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
