-->
-->
Тодоров најави реорганизација на МЗТ Скопје
-->

Александар Тодоров вчера се врати на функцијата шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром, а денеска ја одржа првата прес-конференција на која ги изложи плановите за наредната натпреварувачка сезона. Тодоров презентираше четири клучни точки кои треба да бидат реализирани, а една од нив е враќањето на навивачката група „Фемили“ на натпреварите на клубот.
„Задоволство е што сум повторно тука, во овој клуб, кој го чувствувам како мој. Ова е мое враќање дома и е единственото место каде што сум работел и каде навистина се чувствувам како дома. Нè чека еден предизвик бидејќи кога последен пат седнав пред вас, таму некаде пред шест години, ви кажав дека единствена цел таа сезона ќе биде шампионската титула, но овој пат ќе поставиме малку поразлични цели, не резултатски, тие секогаш се највисоки, но поставуваме четири цели.
1. Да составиме тим чија основа ќе бидат македонските играчи
2. Да го вратиме можеби најсилниот играч на МЗТ, а тоа е навивачката група „Фемили“, на трибините
3. Да составиме една екипа околу мене која ќе биде составена од поранешни кошаркари и функционери на МЗТ
4. Да направиме реорганизација на младинската школа на МЗТ за во некој период од две до три години првиот тим да почне да црпи играчи од сопствената школа“, рече на почетокот на своето обраќање тренерот Тодоров.
Навивачката група „Фемили“ долго време ги бојкотира натпреварите на клубот, нивното присуство е од непроценливо значење, што беше очигледно минатата сезона, особено на мечевите во АБА лигата.
„Јасно ни е дека едно е да се игра пред ‘Фемили’ и да играш без нив. Јас го имав тоа задоволство, во таа сезона, во помала сала, но имавме полна сала на еден час пред почеток на натпреварот. Тоа е една од целите, но нормално е дека ќе треба да се седне и да се разговара“.
Веројатно една од потешките задачи ќе му биде и да го формира ростерот бидејќи во овој момент МЗТ има само четворица играчи под договор: Симоновски, Мекиќ и Тејмс, односно Дамјан Стојановски, кој синоќа потпиша нов договор откако мината сезона ја пропушти во целост поради повреда.
Тодоров ќе инсистира на домашни играчи, а како што вели, оптимален број странски играчи е четири.
„Оваа година ќе се воведе правилото за двајца домашни играчи на терен. Имам искуство со такво правило во Романија, и со двајца домашни играчи на терен оптимален број на странци е четири до пет“.
Новиот тренер на МЗТ проговори и за евентуалниот ангажман на Војдан Стојановски, кој неколку сезони игра во шпанската лига.
„Тоа би било нешто што сите го посакуваме, но треба да сме реални. Војдан настапува во најдобрата лига во Европа, и тоа што во моментот работам индивидуално со него и со Дамјан не значи ништо. Ние би сакале, но гарантирам дека приоритет му е да остане во Шпанија. Евентуално може да се преговара доколку не најде ангажман, но со начинот на кој играше мислам дека него и догодина ќе го гледаме така“, рече тренерот на МЗТ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
