Тодоров: Ќе се изградат нови и комплетно ќе се рехабилитираат многу автопати
Рехабилитацијата на автопатската делница Куманово-Миладиновци ќе заврши до 2017 година. На овој потег се рехабилитираат двете коловозни ленти во должина од 22,5 и 22,3 километри.
Ова денеска го најави носителот на листата од втората изборна едница од Коалцијата „За подобра Македонија“, Никола Тодоров кој заедно со кандидатите за пратеници, беше на автопатската делница Куманово-Миладиновци.
Тој презентираше и дел од проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на изградба и рехабилитација на автопатите во Македонија.
- Покрај, комплетната изградба на нови автопатишта од Скопје до Блаце, од Требеништа до Струга и од Кичево до Гостивар, ќе извршиме комплетна рехабилитација на автопатот од Куманово-Миладиновце и Миладиновце - Куманово и левата и десната коловозна лента 22,5 и 22,3 километри во вредност од 10,6 милиони евра, рече Тодоров.
Најави дека ќе биде извршена и рехабилитација на патот од Неготино до Демир Капија, двете коловозни ленти и левата и десната, во вредност од околу пет милиони евра.
- И Куманово-Миладиновце и Неготино-Демир Капија ќе бидат готовои со рехабилитација до крајот на 2017-та година. Исто така, се планира и рехабилитација на дел од автопатот од Велес до Градско, само средната коловозна лента, потенцира Тодоров.
Додаде дека со тоа ќе се изградат нови и комплетно ќе се рехабилитираат многу фрекфентни автопатишта, со кои, нагласи, сериозно ќе се подобри патната инфраструктура во Македонија.
Ново на Сител
-
Приведени три лица од Штип, при претрес на нивниот дом пронајдени се пушки и муниција | ФОТО
-
Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка