Тоа е првиот бакнеж: 15- годишниот Макрон ја бакнува својата професорка (40), денешна сопруга
На интернет се појави снимка од бакнежот на двојката која наскоро може да застане на чело на Франција: Емануел Макрон (39) и неговата 26 години постарата сопруга Брижит Троње.
Во времето кога е снимено ова видео Макрон имал 15 години, а Брижит Троње 40.
Младиот Макрон играл во училишната претстава во мај 1993 година, а кога претставата завршила, младите актери и се поклонија на публиката.
Професорката Брижит Озијер (презиме на првиот сопруг) на учениците им честиташе поединечно, и ова навистина беше нивниот прв бакнеж. Кога тргна да им честита на останатите, Макрон го зеде микрофонот и се насмеа гледајќи кон неа, но не се слуша што вели.
Година дена подоцна Макрон се зарече дека ќе се ожени со неа, на ужас на своите родители. Неговиот татко побара Брижит да го остави неговиот син на мира додека не наполни 18 години, на што професорката му одговорила „не можам ништо да ви ветам“.
Славенички бакнеж: Макрон во говорите често ја истакнуваше поддршката која му ја дава сопругата.
-Постојано си се јавувавме и со часови разговаравме по телефон, раскажа Брижит за еден француски документарец.
Двојката се венчаше во 1997 година.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе