Титовистите од Кочани го одбележаа денот на раѓањето на Социјалистичка Југославија
Традиционално со дефиле од возила накитени со македонски и југословенски знамиња, фотографии и други обележја на поранешната СФРЈ членовите на здружението „Јосип Броз Тито“ од Кочани го одбележаа 29 ноември, денот на нејзиното формирање.
На свеченоста што се одржа по тој повод рекоа дека не треба да се заборават историските факти, затоа што постоењето на македонската независна држава денес е директно поврзано со формирањето на поранешната федерација.
-Денеска се навршуваат 75 години од одржувањето на второто заседание на АВНОЈ на кое е донесена историската одлука да се формира заедничката држава Југославија, а во нејзини рамки и Македонија. Затоа овој датум е многу важен за нас, бидејќи за првпат е признаено сувереното право на македонскиот народ да има своја држава. Младите денес тоа не го знаат, затоа што нивните родители и постарите не им кажуваат, ниту, пак, во образованието добиваат вистинска информација за тоа, истакна Трајан Трендов, претседател на здружението „Јосип Броз Тито“.
Пред два дена четирчлена делегација од кочанското здружение престојуваше на свеченоста во босанскиот град Јајце, каде во 1943 година се одржало историското заседание на кое не стигнала делегацијата од Македонија. Со овогодишното присуство на наши претставници на годишнината од АВНОЈ симболично е надоместен и тој историски момент, а титовистите од Кочани истакнаа дека и во наредните години ќе учествуваат на слични прослави со нивни колеги од поранешните југословенски републики.
Ново на Сител
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика