Македонија
28. January 2020 - 16:31

Тимоние: Преговорите за членство и реформите во унијата може да одат паралелно

Франција омекна. Преговорите за членство можат да се водат паралелно со внатрешната реформа во ЕУ и носење на новата методологија за проширување.

Пораката на официјален Париз ја пренесе амбасадорот Тимоние.

“Од наша страна постои другото прашање, тоа е прашањето за реформата на функционирањето на Европската Унија, затоа што ќе нема смисла да ве прифатиме во земја во која нема ред. И од таа гледна точка ќе кажам – процесите можат да се водат паралелно, затоа што патот кој е пред вас не е краток. Тоа е и пат на наши внатрешни реформи во Унијата”

Најава дека Франција најверојатно ретерира од тврдиот став од октомври доаѓа и од Грција.

Во пресрет на утрешната средба Макрон – Мицотакис во Париз, портпаролот на грчката влада изрази надеж дека Франција е расположена да направи одредени отстапки, кои ќе доведат до позитивен исход од следниот Европски совет во март. Тоа ќе биде и една од главните теми на средбата.

Меѓу оние кои сметаат дека преговорите можат да се водат паралелно со внетрешните процеси на Унијата е италианскиот амбасдор во земјава.

“Реформата на ЕУ не треба да биде нов услов во процесот на приклучување на МКД и АЛБ”

Реформи, фер избори, добрососедски односи. Фокусот на меѓународната заедница ќе биде на овие прашања, а клучно е и владеењето на правото.

“Обвинителството треба да биде ефикасно. Граѓаните очекуваат и заслужуваат ие што ги злоупотребиле држаните пари да се соочат со правдата”

Во очекување на новата методологија, амбасадорите од највлијателните европски земји денеска од Скопје заеднички порачаа - отворањето на преговорите е прашање и на безбедноста и стабилноста на Европа.