Свет
12. December 2017 - 20:51

Тилерсон оптимист околу денуклеаризацијата на Северна Кореја

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон е оптимист во врска со преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја, соопшти претставник на неговиот кабинет, кој побарал анонимност. 

- Секретарот е голем оптимист дека можеме да постигнеме денуклеаризација преку преговори. На тој пат сме и ќе продолжиме, нагласи претставникот. 

Тилерсон минатата недела на средба со високата претставничка  на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изрази задоволство од санкциите наметнати од ЕУ против Северна Кореја.

- Ја поздравуваме единствената порака на ЕУ против Пјонгјанг, економскиот притисок ќе продолжи се додека не се промени курсот на Северна Кореја, изјави тогаш американскиот државен секратер.