Тигањ за МИА: Отворањето преговори со Македонија, високо на приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ
Еден од приоритетите на хрватското претседавање со Европската Унија ќе биде проширувањето, а особено отворањето преговори со Македонија. Со оптимизам гледаме на напредок во претстојниот период и на позитивен исход. Наша намера е да го премостиме и да го деблокираме она што за жал не беше направено во октомври минатата година на Советот на ЕУ и да пронајдеме решение со кое ќе се деблокира одлуката за пристапни преговори меѓу Европската Унија и Македонија.
Ова во екслузивното интервју за МИА го вели амбасадорката на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, чија земја од 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ.
– Хрватска ќе стреми да се заземе и засилено ќе се ангажира за да ги увери државите за продолжување на пристапниот процес и да се изнајде начин и модел Македонија да отвори преговори, вели амбасадорката Тигањ во интервјуто за МИА.
Таа посочи дека Хрватска веќе презема активности во овој кус перод на своето шестмесечно претседавање, на чело со премиерот Андреј Пленковиќ, во кои покажува дека дава приоритет на проширувњето, а отворањето на пристапни преговори со Македонија ги става високо на скалата на хрватските приоритети во рамки на претседавањето со ЕУ.
Интервјуто МИА во целост ќе го објави утре, заедно со видео материјалот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа