-->
-->
Ти го убив Горан со секира - исповед на таткото кој се нашол очи во очи со убиецот!
-->
Кога несреќниот татко во дневната соба го видел безживотното и раскрварено тело на својот син, убицот седел покрај него.
Полицијата го уапсила 52 годишниот Јура Џогаш, поради основно сомневање дека во Крченик, со повеќе удари со секира го усмртил Горан патач, се наведува во соопштението на судот во Осјек.
На него му е одреден притвор поради можно влијание на сведоците кои имале одредени сознанија за казненото дело, но поради тоа што до сега повеќе пати бил казнено и прекршочно пријавуван за дела со елементарно насилство.
Иако од судот сеуште немаат службени потврди, по се изгледа за трагедијата е крив „алкохолот“.
За злочинот прв дознал таткото на Горан, Мато, кон кого убиецот се упатил по крвавите удари со секира.
- Пијан ми тропаше на вратата нешто по 1 часот, а кога отворив само ми кажа: „Ти го убив Горан“. Потоа седна на точакот и дофрли дека се скарале и дека два пати го удрил со секира, изјави Мато Птач, кои со другиот син веднаш се упатиле кон куќата на Јура.
Во дневната соба на подот го видел безживотното тело на Горан, а Јура седел покрај него. Повтоил дека се скарале и тепале, по што ја дофатил секирата. Им кажал и дека повикал полиција.
Кога полицијата стигнала, јура им кажал дека го убил Горан, покажувајќи им ја крвавата секира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите