-->
-->
Тежок ждреб за Јотовски на фјучрсот во Тунис
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски (кој денеска полни 25.годиони) немаше среќа со ждребот на фјучрс турнирот во Ел Кантауи, Тунис. Тој во првото коло за противник го има Шпанецот Давид Перез Санз (295.АТП листа) кој воедно е и втор носител на турнирот. Санз (21.година) има воедно седум турнирски победи во кариерата, а четири оваа година и последниот претходниот викенд во Тунис.
Инаку, Јотовски е пријавен за настап и на следните два фјучрса во Тунис.
На турнирот во квалификациите настапи и Бесир Дургути, кој не успеа да се избори за настап на главниот турнир.
Двајцата македонски тенисери Дургути и Јотовски попладнево ќе играат во 1.коло во конкуренција на двојки против Русите Богдан Бобров и Кирил Дмитриев. Јотовски мечот со Санз ќе го игра утре.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден