Македонија
2. December 2020 - 17:36

Тешко повреден пешак во Скопје, возачот побегнал

Вчера во 19.15 часот било пријавено дека на бул.„8 Септември“ во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.З.(52) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.