Македонија
26. јуни 2017 - 21:23

Тешка сообраќајка во охридско, автомобил се преврте по судар со трактор

На регионалниот пат Кичево - Охрид кај селото Белчишта, доцна попладнево околу 19 часот се случила тешка сообраќајна несреќа.

Според фотографијата објавена на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам, дошло до судар на трактор и автомобил, најверојатно џип, кој потоа се превртел.

Нема информации за повредени во сообраќајката, а според изворот, причина била неприлагодената брзина.