Македонија
16. July 2021 - 12:31

Тешка сообраќајка во битолско - На пат кон болница почина 50 годишен маж

На 15.07.2020 во 07.16 часот на патот Битола-Маково, во с.Логоварди, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од М.А.(34)од Битола и патничко возило „голф“,управувано од С.М.(50) од с.Логоварди, и двете со битолски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.М. и на пат кон болница починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.