-->
-->
Тешка сообраќајка ја потресе Македонија
-->

Страшна сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Берово – Делчево, кај м.в „Балбанци“. Во несреќата учествувале 26-годишниот И.М од Струмица со автомобил марка „Фиат Дукато“ со скопски ознака и 46-годишниот И.С од село Црник со автомобил марка „„Фиат Пунто“ со штипски регистарски ознаки. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „Фиат Пунтото“ и соптаникот В,С (20) од село Црник. Истите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар Штип од каде, по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредата В.С. бил пренесен во Клинички центар Скопје, а И.С. бил задржан на лекување во Медицински центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Делчево. Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица