-->
-->
Тешка несреќа кај „Зебра“ - прво удрил во автомобил, а потоа и во автобус на ЈСП
-->

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, во околу 10: 15 часот на улицата „Васил Ѓоргов“ кај трговскиот центар „Зебра“.
Несреќата настанала помеѓу две патнички возила и автобус на ЈСП.
Како што велат очевидци на несреќата за Пресс24, до несреќата дошло откако патничко возило од марката „шевролет авео“ при обид да изврши престигнување удрило во автомобил од марката „голф“, а потоа директно и во автобус на ЈСП.
Како што информираат очевидците, полиција се уште нема дојдено на местото на настанот, а возилата се пренасочуваат. Засега не е познато дали има повредени лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
