Балкан
19. October 2016 - 13:05

Тепачка во ДИК на Црна Гора, претседателот удри по членовите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Будимир Шарановиќ го нападна членот на ДИК, Милан Радуловиќ кој вчера не сакал да гласа за усвојување на прелиминарните резултати од изборите во Црна Гора.

На видео снимката која ја објави подгорички „Вијести“ се гледа како Шарановиќ се обидува да се пресмета со Радуловиќ, по што се вмешва претставникот на Демократскиот фронт во ДИК Дражен Медојевиќ кој спречува ескалација на судирот.

Потоа претседателот на ДИК Шарановиќ му се пушти и на Медојевиќ.