Тепачка меѓу Турци и Курди на гласање во турската амбасада во Токио

Во тепачка меѓу Турци и етнички Курди, кои дошле да гласаат на изборите во турската амбасада во Токио, повредени се најмалку 12 лица.
Општите избори во Турција ќе се оддржат на 1 ноември, но во амбасадата на оваа земја во Токио се организираат денеска, пренесуваат француските медиуми.
На снимките на јапонската телевизија ТБС се гледа како полицајци пред турската мисија ги разделуваат завојуваните страни. Според информацијата на телевизијата, меѓу повредените се и двајца јапонски полицајци, а непосредната причина за тепачката се уште не се знае.
Според изјавата на еден гласач од турска националност, судирот избил кога Курдите, наводно, се обиделе да го развиорат знамето на една прокурдска партија.
Од друга страна, еден припадник на курдската етничка група изјавил дека изненадувачки бил нападнат пред амбасадата додека со пријатели седел во својот автомобил.
Според официјални податоци, во Јапонија престојуваат околу 3.600 турски државјани.
Изборите во Турција ќе се организираат во атмосфера на ескалација на насилството на југоистокот од земјата, населен доминантно со Курди, и покрај договорот за прекин на огнот од 2013 година, со кој требаше да се заврши тридецениското курдско востание, во кое досега погинаа десетици илјади лица.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги закажа изборите откако неговата Патија на правдата и развојот (АКП) на изборите од 7 јуни го загуби мнозинството во Парламентот, останувајќи без поддршката од една прокурдска партија. Заради тоа дојде до преговори за коалициска Влада, но тие завршија без успех.
Ново на Сител
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
