Балкан
28. October 2017 - 14:54

Теодора осудена на 30 години затвор се обидела да ја убие цимерката од келијата

Актерката Теодора Викторовиќ од Србија, внука на познатиот Михајло Викторовиќ, или Цинаговиќ од серијата Подобар живот, пред пресудата за убиството на својата мајка и баба, се обидела да си ја задави цимерката во затворот.

42-годишната Теодора, осудена е на повеќе од 30. години затвор за убиството на мајка си и баба си во нивниот дом, а пред изрекување на пресудата за одлежување затвор, се обидела да ја задави и цимерката во Централниот затвор во Белград.

Теодора одеднаш од чиста мира тргнала кон цимерката и почнала да ја дави за вратот. Стражарите веднаш дотрчале и спречиле таа да ја убие.

Инаку, единствен кој ја посетува Теодора во затворот е нејзиниот сопруг.