Телохранителите на Ердоган се судрија со новинари на самитот во Вашингтон
Почетокот на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Вашингтон, каде присуствува на самитот за нуклеарна безбедност, беше одбележен со тензии, бидејќи неговите телохранители се судрија со новинарите, јави Танјуг.
Безбедносни претставници во делегацијата на Ердоган се обиделе од Институтот Брукингс да избркаат еден новинар. Ердоган во Институтот требало да одржи говор, пренесуваат американските медиуми.
Обезбедувањето на Институтот реагирало и ги замолило телохранителите на Ердоган да ја напуштат просторијата.
Претходно, турски официјални претставници го спречиле новинарот Адем Арслан, кој работи за опозициски медиум, да влезе во Институтот.
Ердоган се соочува со се погласни критики заради сузбивањето на слободата на говорот и печатот во Турција.
Турската делегација пред Институтот беше дочекана и од група демонстранти кои протестираа заради односот на Турција кон Курдите.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија