Тече рокот за пријавување на 39.502-та спорни гласачи

Граѓаните на кои не им се совпаѓаа податоците при проверките за прочистување на Избирачкиот список имаат рок до 19 август да се пријват до Државната изборна комисија (ДИК) за да го регулираат своето избирачко право.
ДИК вчера информира дека до 13 часот, 502 граѓани се пријавиле за да го регулираат своето избирачко право.
- Од пријавените, 116 се обратиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 386 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб - апликацијата на Комисијата, соопшти вчера ДИК.
За вкупно 39.502 лица се појавија несовпаѓања на податоците при вкрстените проверки за проичистување на Избирачкиот список. Доколку во предвидениот рок тие се пријават во ДИК и покажат валидни лични документи ќе бидат ставени во Избирачкиот список, во спротивно нема да може да гласаат на претстојните избори.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
-

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“
-

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра
-

Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана
-

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март
