-->
-->
Тажна вест: Почина пејачот што ги испеа најголемите македонски евергрини
-->
Пред неколку дена почина познатиот пејач Зоран Милосављевиќ.
Почина во Скопје, во 79-та година од животот.
Цел работен век Зоран работеше како камерман во Македонската телевизија, а подоцна беше и директор на Продукцијата на МРТ. Зоран Милосављевиќ на Скопскиот фестивал, во 1971 година со песната „Само ти“ на Александар Џамбазов ја освои првата награда.
Зад себе остави многу евергрини, меѓу кои се и: „Роза сина“ на Димитар Масевски, „Те барам сега љубена“ на Славе Димитров, „Скопје градот мој“ …
Зоран замина физички од овој свет неговите песни ни останаа во наследство. Тие одамна се евергрини и со задоволство ќе ги слушаат и пеат генерациите по нас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038