Таткото на Ева: Три деца што ги пратија во Турција не се вратија назад
Таткото на Ева, Благојче Крстаноски, во разговорот за „Независен весник“ објаснува зошто се противел да го лекува детето во Турција, зошто инсистирал лекувањето да биде во Германија, зборува за третманот на Ева, одговара на обвинувањата дека собирале донации наместо да побрзаат да одат во болница…
Разговорот можете да го слушнете овде:
Крстановски објаснува дека ФЗОМ не му дозволил да ја лекуваат Ева како што родителите мислеле дека е најдобро за девојчето.
-Моето дете ништо не може да го врати. Јас собрав од донации 200.000 евра, но сега сè е залудно. Велам дека не е точно тоа што се кажува за обидот да ја лекуваме Ева во Германија со цел некој во оваа држава нешто да преземе.
Со овие зборови Благојче Крстаноски, татко на 11-годишното девојче кое почина пред да замине во странство, одговори на сочувството што вчера јавно, од прес-конференцијата во Владата му го изразија Ден Дончев, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и министерот за здравство Венко Филипче.
– Треба да се направи сè за нашата трагедија да не му се случи на друго дете. Тие немаат чувство. Треба да се гледа најдобрата варијанта. Не е важно дали државата ќе потроши 100.000 евра помалку или повеќе ако спаси еден детски живот. Ние не сме единствен случај, има доста и ќе има. Јас се молам да бидат што помалку. Зборувам јавно зошто не сакам ова да му се повтори и на друго дете – вели Крстаноски во разговорот за „Независен весник“.
Ново на Сител
-

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати
-

Кривични за раководството на ОФС Охрид - го манипулирале системот на ФФМ
-

Прекинат прагот на аларамирање
-

Ајдован Адемоски почесниот конзул на Турција се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули
-

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег
-

Приведена 45-годишна жена, одзела златен накит во вредност од 9.000 евра | ФОТО
-

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух
