Таравари: Училиштата се снабдени со енергенси за затоплување

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари по запознавањето со состојбите во училиштата истакна дека за претстојната грејна сезона не се очекуваат проблеми.
Таравари даде оценка за состојбите со греењето во училиштата по посетата на училиштето „Исмаил Ќемали“.
- Јавната набавка за нафта ја направи претходното раководство, со исклучок на некои помали училишта во руралните средини каде што се користи огревно дрво. Денес и следните неколку дена ќе се врши достава на нафта во училиштата. Искрено се надевам дека нема да има никакви проблеми за грејната сезона, рече Таравари, нагласувајќи дека проблемите кои се појавиле во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк", секторот за образование ги решил во текот на денот.
Оваа посета е прва од низата која Таравари ја најави, по кои треба да се назначат раководни кадри на образовните институции. Тој, како што рече, предлозите ќе ги собира од вработените, а подоцна ќе ги назначи новите вршители на должност директор.
- Постепено и внимателно ќе ги избираме директорите на основните и средни училишта. Сметам дека наставниот кадар треба да биде дел од изборот на директорот и затоа сакам да ги слушнам нивните предлози. Ќе побарам неколку нивни предлози и наскоро ќе се определам за еден од нив, посочи градоначалникот Таравари, нагласувајќи дека вакви посети ќе има и во наредните денови во останатите поголеми училишта.
Смените на директорите, според него, би требало завршат за најмногу еден месец, по што се очекува и распишување регуларни огласи.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
