-->
-->
Тањевиќ нов селектор на Ц. Гора
-->
Трофејниот кошаркарски стручњак Богдан Тањевиќ е новиот селектор на рeпрезентацијата на Црна Гора, потврди Кошаркарскиот сојуз на оваа земја. Тањевиќ на селекторската функција го наследи Лука Павиќевиќ, кој поднесе оставка во септември минатата година по дебаклот во европските квалификации.
Богдан Тањевиќ веќе ја предводеше селекцијата на Црна Гора, летово го освои златниот медал на Игрите на малите земји кои се одржаа на Исланд. Искусниот кошаркарски стручњак во кариерата бил селектор на Југославија, Италија и Турција. Со Италија беше европски првак (1999), со Турција светски вицепрвак (2010), а со Југославија вицепрвак на Европа (1981).
На клупски план има три титули во екс Југославија, две со Босна и една со Будуќност, со Босна беше и европски првак. Во Италија бил шампион со Олимпија Милано, во Франција со Асвел, а во Турција со Фенербахче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола