-->
-->
Тандем за победи (Јовиќ - Арсиќ) пак на пресот на Металург
-->
Ракометниот тим на Металург денеска одржа прес конференција во пресрет на дуелот од 5.коло што екипата го игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ против првакот на Хрватска Загреб.
На прес конференцијата беа присутни помошниот тренер Александар Јовиќ и голманот Дарко Арсиќ истите двајца кои беа присутни и на пресот пред дуелот од ЛШ со Спортинг, по кој екипата во саботата ја постигна и првата победа во ова натпреварување.
- Дуелот со Загреб е потежок од тој со Спортинг. Тоа е квалитетна и искусна екипа со искусен тренер. Загреб ќе сака од Скопје да си замине со една победа откако вчера загуби од Вардар во ЛШ, им останува овој дуел. За триумф потребно е ја повториме играта од дуелот со Спортинг, беспрекорна одбрана и во напад да се игра до шанса и секако да ги намалиме промашените топки, истакна Јовиќ.
Арсиќ по слабиот натпревар со Бешикташ, овој викенд беше на потребното ниво.
- Играме против силна екипа. Очекуваме поволен резултат, но мора да бидеме барем на нивото на играта од саботата, изјави Арсиќ.
Дуелот Металург - Загреб е натпревар од 5.коло и се игра утре со почеток во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг