Талибанците предлагаат директни преговори со САД
Авганистанските талибанци денеска ги повикаа САД на директни преговори за ставање крај на конфликтот во Авганистан.
- Политбирото на Исламската Држава Авганистан ги повикува американските претставници на директни разговори за мирно решавање на авганистанскиот проблем, се наведува во соопштението што го објави Претставништвото на талибанците во Доха.
Ова е првпат по повеќе од две години талибанците да иницираат преговори за прекин на конфликтот. Талибанските лидери во март 2016 година одбија учество на мировните преговори и го отфрлија предлогот на властите во Кабул за дијалог, со образложение дека нема да преговараат „се додека не заврши странската окупација“ на Авганистан.
Повикот на талибанците доаѓа во пресрет на утрешната регионална мировна конференција за Авганистан, што ќе се одржи во Кабул.
Во својот повик талибанците воопшто не ја споменуваат утрешната конференција во Кабул, туку предлагаат само директни преговори со Американците, останувајќи доследни на својот став дека не ја признаваат авганистанската Влада и ја сметаат за марионетска.
Во Кабул утре ќе се одржи втората мировна конференција за Авганистан со учество на претставници на 25 држави од регионот и три меѓународни организации, меѓу кои и ОН. Според најавите, на собирот ќе бидат разгледувани механизми за гарантирање на мирот и за борба против тероризмот.
Во пресрет на Конференцијата авганистанскиот претседател Ашраф Гани најави дека на собирот ќе предложи и свој мировен план.
Првата мировна конференција за Авганистан во овој формат се оддржа во јуни минатата година, но таа не даде никакви резултати.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера