Талат Џафери: Нова Македонија е прифатливо име - нема потреба од референдум, Собранието има легитимитет да одлучи за името
Промена на името може да се направи во Собранието, доколку за тоа изрази желба парламентарното мнозинство, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во вчерашната емисија "Патот кон..." на Алсат – М телевизија.
Тој мисли дека поради континураната висока поддршка на граѓаните за евроинтегративните процеси, граѓаните му дале целосен легитимитет на Собранието, да во нивно име одлучи по однос на прашањето за промена на името.
-Мислам дека Собранието го има потребниот капацитет ако има политичка волја кај субјектите кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, поради фактот што тоа е стратешка определба изразена како волја на граѓаните уште од деведесеттите години, 93-94 кога е усвоена првата резолуција на Парламентот во насока на определбата на државните институции за евроатланска интеграција и имајќиго предвид фактот дека поддршката на граѓаните континуирано е над 75%-80% за вроинтегративните процеси, мислам дека тоа е мотив можност Парламентот во името на граѓаните како носител на сувереноста на граѓаните, изразено на избори, со перцепцијата која ја имаат граѓаните, мислам дека дале целосен легитиитет на Собранието во има на граѓаните да одлучи и за ова прашање, вели Џафери.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите