Џет-Сет
29. March 2018 - 17:47

Тајна на легендарната песна на Бело Дугме: Еве што се крие зад стиховите „Што би дао да си на мом мјесто“

Огромната популарност на „Бело Дугме“ се стекна уште со првиот албум „ Кад би био бело дугме“, надоградена со албумот „ Шта би дао да си на мом мјесто„ од 1975 година, кој ја донесе истоимената песна. 

Интересно е дека песните настанале во селото Борика, во околината на Рогатица, а снимени се во Лондон. Музиката и песните од албумот ги напишал Горан Бреговиќ, освен насловите на песните кои ги напишал славниот текстописец Душко Трифуновиќ.

Покојниот текстописец во една прилика се присети како настанале песните. 

- Тој втор стих е многу важен „да те мрзе, а да ти се диве“. Еднаш седевме во „Парк“ кафеаната и гледам како Жељко Бебек доаѓа. Жељко е сјаен уметник, направи тоа што направи, но штосот во тоа е што тој беше многу слаб, па имаше дури и тенки нозе, а главата огромна, а во таа доба фризурата му беше натапирана. И јас знам дека не го сакаа и велеа: - Што се прави важен. Но кога тој влезе во кафеаната, одеднаш се случи како воодушевување и тогаш сфаќам - него го мразат, но му се диват. отидов дома и тоа го напишав, бидејќи тој ми порача дека на Горан Бреговиќ му требало некој текст. Тие беа во Романија ја снимаа нивната славна плоча. Јас тоа одма му го однесов“. 

Песната е антлогиска, која не бледее, не губи на значење или актуелност.