„Тајмс“: Околу 20 европски земји подготвени да протераат руски дипломати
САД и 20 европски земји се подготвуваат да ги протераат руските дипломати поврзани со руските разузнавачки мрежи. Координираната акција, без преседан, се очекува да почне в понеделник.
Советот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа препорачал протерување од САД на руски дипломати, чиј број се уште не е прецизиран, како одговор на нападот во Солсбери против поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Се очекува Трамп да ја донесе конечната одлука следната недела.
Во кампањата ќе се вклучат Франција, Германија, Полска, Ирска, Холандија, Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Чешка, Данска и уште девет други земји, наведува „Тајмс".
- Ние сме решени да дејствуваме заедно, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи