Тајланд и САД ги враќаат вредните уметнички дела украдени од Камбоџа
Тајланд денеска почна да и ги враќа на Камбоџа вредните артефакти кои тајландската полиција ги запленила од криумчари во 1999 година.
Скапоцените уметнички дела биле криумчарени за време на граѓанската војна во Камбоџа во која на „полињата на смртта’’ загинаа над 1,5 милион лица, а кражбата на артефактите беше вносен бизнис.
Од Тајланд со специјални возила ќе бидат префрлени 16 од вкупно 43 уметнички дела што биле одземени од криумчарите. Пред шест години од Бангкок во Камбоџа беа вратени седум од украденте предмети, а преостанатите ќе бидат предмет на натамошно верифицирање на вистинското потекло.
Одлуката на Тајланд денеска лично ја соопшти камбоџанскиот министер за надворешни работи Хор Намхонг, по враќањетоод тидневната посета на Тајланд. Тој упати специјална благодарност до колегата, генералот Панасак и шефот на воената хунта, генералот Прајут кои му ветиле дека и преостанатите 20 артефакти, по експертизата, ќе бидат вратени тамо од каде што се украдени.
Украдени артефаки во Камбоџа почнаа да враќаат и неколку музеи и аукционерски куќи од САД. Не се знае колку, но се претпоставува дека во САД и Велика Британија се наоѓаат најголем број предмети од културно-историското богатство на Камбоџа.
Ново на Сител
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години
-
Руските специјални сили пробија гасовод во обид да ги изненадат украинските сили
-
Барселона одби 100 милиони евра за Рафиња и му нуди нов договор
-
Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина
-
Малолетник пријавен во полиција во Неготино, физички нападнал момче
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен