Тајланд: Авион налета на воздушен џеб, повредени над 20 лица

Најмалку 20 лица се повредени, меѓу кои некои потешко, откако авион на руската компанија „Аерофлот“ налета на „воздушен џеб“, додека леташе на релација Москва - Бангкок, јави денеска ТАСС, повикувајќи се на руски дипломат.
- Повредените имаат повеќекратни скршеници. Меѓу нив има руски државјани, но и странци, изјави шефот на конзуларното одделение на руската Амбасада на Тајланд Владимир Соснов.
Според него, патниците кои се здобиле со повреди, најверојатно не ги имале врзано појасите.
Повредените се префрлени во болница во Бангкок, а рускиот амбасадор на Тајланд Кирил Барски изјави дека десетина повредени се хоспитализирани, од кои, на две лица требало да се изврши оперативен зафат.
ТАСС, повикувајќи се на аеродромски извор, наведе дека 25 лица се повредени кога авионот на летот СУ-270 наишол на зона на силна турбуленција во момент кога се приближувал кон тајландската престолнина.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
