Тачи: Следната година на економски план ќе се влошува уште повеќе, единствена надеж ни се ЕУ и САД
– Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи на предновогодишната средба со сопартијците и медиумите истакна дека војната во Украина и оттаму произлезената меѓународната економска криза како годинава ќе биде главна карактеристика и проблем тука и во 2023 година. Според него за државата спасот е поддршката од ЕУ и САД.
-Моите политички анализи покажуваат дека прошлата година ќе остане забележана по агресијата на Русија и војната против Украина која ја дестабилизираше целата меѓународна заедница нормално и нас тука. Втора работа што произлегиу од ова е тешката економска криза. Не спаѓам во редот на тие политичари кои секој ден нудат надеж без покритие. На жалост морам да кажам дека следната година од економски план ќе се влошува уште повеќе. Единствена надеж наша е ние да бидеме со нашите меѓународни партнери ЕУ и САД кои ни помагаат и се надевам дека и понатаму ќе економски ќе ни помагаат, порача Мендух Тачи.
ДПА следната година 2023 година ќе одбележи 30 години од основањето.
Ново на Сител
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
-

Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
-

Јаневска за случајот со Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет
