СЗО предупреди на сериозен недостиг на медицински персонал во глобалниот здравствен систем
Светската здравствена организација (СЗО), по повод 75-годишнината, предупреди на зголемен недостиг на персонал во глобалниот здравствен систем, јави ДПА, цитирајќи ја изјавата во Женева на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
„До 2030 година светот ќе има недостиг од околу 10 милиони специјалисти. Додека светот закрепнува од пандемијата на Ковид-19, ги повикуваме сите земји да ја заштитат и инвестираат во својата здравствена работна сила“, изјави Тедрос.
Тој додаде дека „нема здравје без здравствени работници“.
Од почетокот на пандемијата, околу 50 отсто од персоналот го напуштил секторот. „Дури и пред да се случи тоа, многумина мораа да работат за премали плати и во опасни услови“, рече Тедрос Гебрејесус.
Според него, иако жените сочинуваат речиси 70 отсто од здравствените работници, тие се помалку од една четвртина од менаџерите и често се изложени на насилство на работното место.
Светската здравствена организација е основана на 7 април 1948 година, кога стапи на сила Уставот на СЗО. Оттогаш, според Тедрос Гебрејесус, очекуваниот животен век ширум светот значително се зголемил, а смртноста на мајките и децата нагло се намалила во последните децении. Големи успеси се постигнати и во борбата против маларијата, туберкулозата и ХИВ позитивните.
Сепак, има драматично зголемување на дијабетесот и прекумерната тежина. Генералниот директор на СЗО, исто така, истакна дека речиси 2 милијарди луѓе ширум светот се соочуваат со финансиски тешкотии бидејќи треба да ги платат сами медицинските трошоци.
Ново на Сител
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект
-
Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
-
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-
Активни шест пожари на отворено во државава
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница