Свиркач од ЦИА: Трамп се обиде да издејствува мешање на друга земја во изборите на САД во 2020 година

Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом денеска го објави текстот на жалбата за дејствата за претседателот Доналд Трамп, подготвена од свиркач во Белата куќа. Во меѓувреме „Њујорк тајмс“ дознава дека информаторот бил агент на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).
Во жалбата свиркачот напишал дека во рамките на своите задолженија дознал дека Трамп ги злоупотребил своите претседателски надлежности за „да издејствува мешање на друга земја во изборите на САД во 2020 година“. Тоа се гледа од настојувањата на Трамп до раководството на Украина да истражува за активностите на Хантер Бајден, син на неговиот политички противник, Џо Бајден.
Информаторот изразил загриженост за тоа дека Трамп се обидува да влијае на властите на Украина во однос на прашање за истрага на активностите на Хантер Бајден. Во жалбата тој детално прераскажува детали од разговорот на Трамп со неговиот украински колега Володимир Зеленски и истакнува дека за тоа дознал од неколку официјални лица во Белата куќа.
Според него, вработените биле крајно загрижени од дијалогот на претседателите.
Исто така, свиркачот укажал дека подоцна високи официјални лица од Белата куќа правеле крајни напори за да се ограничи пристапот до шифрираниот разговор. Според претставникот на разузнавачката служба, тоа е доказ дека во администрацијата на Трамп сфатиле дека дејствата на претседателот се неправилни.
Инаку, „Њујорк тајмс“ дознава дека информаторот бил агент на ЦИА со задолженија во Белата куќа.
Ново на Сител
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
