Свилановиќ: На 1.000 лица од Западен Балкан заминале на боиштата во Сирија и Ирак

Околу илјада лица од држави од Западен Балкан во изминатите неколку години заминале на боиштата во Сирија и во Ирак. Потребна е блиска соработка на државите во регионот заради неутрализирање на ширењето радикализација по враќањето на тие борци, беше речено денеска на втората Регионална конференција за борба против тероризам и спречуавње и сузбивање насилен екстремизам, која се одржува на Брдо крај Крањ.
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ истакна дека меѓу факторите за радикализација се економските и општествени проблеми, како и пропагандата.
- Теророзмот е еден од најголемите проблеми на државите и потребно е да се спознае за да биде победен, нагласи Свилановиќ. Тој оцени дека е потребно рано соочување со предизвиците и дека е потребна активна поддршка од владите на дрржавите во регионот. Свилановиќ додека дека ЕУ ветила финансиска поддршка за оваа цел.
- Претходната конференција имаше фокус на заминувањето на борци, а овогодишната е на неутрализирање на влијанието на повратниците, рече Свилановиќ.
Од 2012 до 2017 година околу 5.000 луѓе од држави од ЕУ заминале на боишта во Сирија и во Ирак, а од Западен Балкан околу илјада, потенцира Свилановиќ. Од нив, околу 300 се вратиле, повеќе од 200 загинале, а околу 400 и понатаму се во тие две држави, погодени од војна.
Претставници на влади на држави од југоисточна Европа, регионални организации и иницијативи учествуваат на конференцијата за регионална соработка во борба против тероризмот и насилниот екстремизам на Брдо кај Крањ.
Учесниците на втората Регионална конференција разговараат за актуелните предизвици во областа на тероризмот, за активностите на европско, регионално и национално ниво и за начините за спроведување на веќе постигнатите договори.
Конференцијата на Брдо кај Крањ ја организира Советот за регионална соработка, а домаќин е словенечкото Министерство за надворешни работи.
Конференцијата на Брдо кај Крањ е во организација на Советот за регионална соработка, заедно со словенечкото претседавање со Процесот на соработка во Југоисточна Европа, Иницијативата Западен Балкан за борба против тероризмот и Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа.
Првата конференција во таа област се одржа во ноември 2016 година во Тирана.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
